За брзиот колач од кокос потребни се само неколку состојки од ќе добиете совршен десерт.
Состојки: 3 јајца, 300мл млеко, 50г путер, 100г кокос, 150г шеќер, 120г брашно, ванилин шеќер, многу малце сол и еден прашок за пециво.
Подготовка: добро подмачкајте го плехот и ставете го во рерна на 180 степени. Сите состојки добро промешајте ги и ставете ги во плехот.
Печете околу 45 минути, се додека питата не добие златножолта боја од сите страни. Питата можете да ја послужите со чоколаден крем.