Оваа пица со домати и со сирење е мошне едноставна за подготвување, а ќе ви бидат потребни 20-тина минути.
Исто така, можете да користите готово тесто за пица, или пак да го подготвите сами.
Состојки:
3 големи лажици маслиново масло;
450 грама домати, по можност отстранете ги семките и исечете ги на тенки кришки
3 тенки парчиња козјо сирење
Свежи листови босилек
Подготовка:
Подгответе го тестото за пица. Пуштете ја рерната да се загрее на 230 степени Целзиусови. Стевете го тестото во плех што претходно сте го премачкале со масло и сте го напрашиле со брашно.
На пицата распоредете ги доматите и козјото сирење и печете околу 5-10 минути.
Премачкајте со малку маслиново масло и декорирајте со листови босилек.