“Република”: Велешанка по грешка ја венчале за сведокот, наместо за нејзиниот избраник

Една анегдота се врти низ велешката чаршија, за која Република  немаме потврда дали навистина се случила, но секако, дури и како анегдота, е одлична за почеток на следната анализа за коронакризата, наталитетот и бројот на бракови и разводи, пишува Република.

Имено, пред извесно време, на некоја регистрација во матично, се венчале момче и невеста, која била во веќе поодмината бременост.

Сè поминало во најдобар ред, сите мерки за заштита од коронавирусот се почитувале, младите среќни дека почнале ново поглавје во нивните животи, се родило и бебето. И тука почнале проблемите.

Во моментот кога требало да го запишат во матичната книга на родени, им кажале дека бебето им е вонбрачно, односно родено во врска која не била крунисана со брак. Како, кога младите пред извесно време, најлегално се венчале?

Но, дилемата била брзо разрешена, кога забележале дека во изводот ов венчаните, невестата била венчана – со сведокот.

Грешката се случила кога бракот бил заведен во книгите на венчани. Во графата „сопруг“, наместо младоженецот, по грешка било запишано името на сведокот, пишува Република.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.