Во изминатите 24 часа се потврдени 107 нови случаи на Koвид-19
Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби почина пациент од Струшко на возраст од 50 години кој беше хоспитализиран на 27 март, а само еден ден подоцна заради влошување на состојбата поставен на механичка вентилација.
Од Клиниката се испишани 5 оздравени пациенти, а денеска се регистрирани и 18 оздравени пациенти кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.
Во изминатите 24 часа се потврдени 107 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 28; Куманово -44; Дебар – 2; Штип – 1; Прилеп – 11; Тетово – 5; Струга – 1; Велес -4; Битола – 6; Кавадарци -1; Гостивар – 2; Кочани -1; Кичево -1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1081. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во: Скопје – 367; Куманово – 306; Дебар – 51; Штип-32; Прилеп –100; Тетово – 48; Струга – 50; Велес – 40; Битола –15; Охрид –7; Кавадарци – 4; Гостивар –12; Гевглелија – 4; Струмица – 2; Крива Паланка-4; Радовиш – 4; Крушево – 3; Кочани – 26; Пробиштип – 2; Кичево – 2; Неготино -2.
На Инфективната клиника во Скопје примени се 11 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. 18 пациенти се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 11 нови пациенти и во моментов во оваа болница се лекуваат 38 пациенти со Ковид-19. Во потешка состојба се 8 пациенти, а на респираторна машина 6.
Во Битола се хоспитализирани вкупно 8 пациенти од кои 2 се повремено на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат уште 8 пациенти.
Во болницата во Штип се лекуваат 8 пациенти, а се следат уште 18 во домашни услови.