Рекла дека е трудна и тој ја запросил, а потоа ја дознал вистината (ВИДЕО)

Еден Американец побарал помош од екипата на шоуто “Фати прељубник” со цел да ја тестира својата девојка и да провери дали би му останала верна доколку ја заведе атрактивен маж.

Екипата на шоуто кое се базира на скриена камера и наместиле на девојката модел кој и пришол додека таа јадела во ресторанот. Ја прашал дали сака со него да има приватни тренинзи. Најпрво го одбила со изговор дека има дечко, но кога видела дека не се откажува, му рекла дека е трудна. Меѓутоа, не била свесна дека нејзиниот дечко ја следи целата сцена.

Екипата на шоуто го прашала момчето дали е спремен да ја запроси, тој најпрво одбивал, но на крајот сепак купил прстен и одлучил да направи голем чекор. И поставил пораки низ целиот град кои воделе кон “нивното посебно место”.

Taму ја дочекал, ја бакнал, а потоа клекнал и ја запросил. Девојката се согласила и парот се прегрнал. Веднаш потоа од екипата им честитале на бракот и приновата.

Девојката на тоа реагирала: “Што зарем ви изгледам дебело”. Oбјаснила дека бременоста ја измислила само за да го избрка момчето во ресторанот.

Момчето рекло дека и покрај тоа тој сепак ќе ја запросел.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.