Екипите на Брегалница и Ново Црнилиште попладнево се сретнаа во рамките од 16-финалето на фудбалскиот Куп на Македонија, а штипјани успеаа да постигнат дури 22 погодоци.
На градскиот стадион во Штип, Брегалница веќе во првото полувреме водеше со 6:0, а во второто полувреме фудбалерите постигнаа уште 16 погодоци.
Вкупниот резултат на крајот од натпреварот е неверојатни 22:0 за штипјани, резултат со кој Брегалница е првиот клуб кој обезбеди пласман во осминафиналето.