Реал Мадрид одлучи да донесе напаѓач во финишот на прелазниот рок. Карим Бензема нема вистинска замена, а покрај него го има и 21-годишниот Борха Мајорал.
Меѓутоа, од европскиот шампион се свесни дека тоа не е она што му е потребно во новата тешка сезона, па одлучија да направат вистински потег.
После година дена откако Мариано Диаз стигна во Лион за 8 милиони евра, се враќа во Реал, но за 22 милиони.
#Mariano Diaz in prima pagina su @marca. Il #Real starebbe pensando al suo ritorno pic.twitter.com/AqMhNhE1gi
— Francesco Guerrieri (@francGuerrieri) August 28, 2018
Диаз за Лион минатата сезона на три фронта одигра вкупно 45 натпревари и постигна 21 погодок, заедно со 7 асистенции.
Претходно тој за Ц тимот на Реал Мадид во 46 натпревари постигна 18 погодоци, а потоа беше прекомандуван во Б тимот, каде на 44 меча даде 32 гола.
Најпосле Диаз дојде и до првиот тим на Реал, каде на 14 настапи, постигна 5 погодоци.