Манастирот Св. Илија во село Дрен прилепско и оваа година традиционално го одбележуваше својот патрон светец.
Стотици верници од сите краишта на Прилеп, но и подалеку дојдоа во манастирот, се помолија за благодет и здравје и уживаа во рајскиот раскош на природата.
И овогодишните организатори успеаа да го исполнат манастирот до последен метар квадратен, а за тоа говорат фотографиите со автомобили, иако до манастирот нема асфалтиран пат.
Светилиштето во Дрен е едно од најсредените, а за тоа заслуга имаат дарежливите срца и вредните раце на верниците и сите добронамерници.
Манастирот Св. Илија во село Дрен станува магнет за сите љубители на убавата и недопрена природа, а со тоа и топ дестинација во овој регион.