РАСЦЕП ВО НАТО: Италија одби да бомбардира во Сирија под водство на НАТО

italija-vojska-nato-

Италија нема да се придружи кон воздушните напади кои ги предводат САД во Сирија, изјави италијанскиот премиер Матео Ренци.
„Ако треба да се биде протагонист воедно значи и да се учествува во бомбардирање што го организира друг, тогаш ќе мора да одбиеме. Позицијата на Италија е јасна. Ние сакаме да се ослободиме од терористите, а не да ги задоволуваме туѓите наредби. Единствено нешто што ни е потребно е да не реагираме без стратешка визија“ “-истакна Ренци.

Ренци воедно направи споредба со воздушниот напад на НАТО во Либија 2011 година, кој им помогна на бунтовниците да го симнат Мухарем Гадафи, но ја оставија Либија во рацете на терористите:

„После четири години војна во Либија, заклучивме дека не добивме задоволително решение. Денес мора да се примени друга стратегија во Сирија“-рече Ренци. ,, Не смееме да дозволиме да ни се случи тоа што се случи во Либија“, додава тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.