На социјалните мрежи попладнево се шири информација дека дете денеска се затруло во Аеродром откако дошло во контакт со отров кој бил оставен за кучиња – објави “Курир”.
Иако нема подетални информации за неговата состојба, многу родители од главниот град се вознемирени и коментираат дека отров за кучиња и мачки скитници имаат забележено на повеќе места во Скопје.
Од Универзитетската клиника за детски болести информираа дека денеска немале таков случај, а портпаролката на министерството за здравство не одговори на нашиот телефонски повик за да не информира за случајот – додаваат од “Курир”.