Распродажба во Реал Мадрид – Перез ги испраќа Иско и Хамес

MADRID, SPAIN - DECEMBER 02: Isco (C) of Real Madrid celebrates with his teammate James Rodriguez after scoring during the Copa del Rey, round of 32 second leg match between Real Madrid and UD Cornella at Estadio Santiago Bernabeu on December 2, 2014 in Madrid, Spain.  (Photo by Victor Carretero/Real Madrid via Getty Images)

Претседателот на Реал Мадрис Флирентино Перез ги испраќа Иско и Хамес Родригез. Првиот човек на Реал и тренерот Зинедин Зидан не се задоволни од прикажаната игра на споменатите двајца играчи, па одлучиле да ги продадат на лето.
Иско кој дојде од Малага во 2013 година за 30 милиони евра, оваа сезона одигра 24 меча и постигна се на се 2 гола. Играчот од Андалузија не сака да седи на клупата.
Иско моментално на пазарот вреди 45 милиони евра, а за него е заинтересиран Јувентус, со кого се поврзува и преку неговиот пријател Алваро Мората, додека потенцијални купци се и Манчестер Сити, со оглед на тоа дека на Пеп Гвардиола шпанецот многу му се допаѓа.
На другата страна, Колумбиецот до сега има одиграно 18 меча за Реал, а само 13 пати беше стартер, со 5 постигнати голови. Хамес во 2014 беше доведен за 80 милиони евра од екипата на Монако, а Перез меѓу другото му замерува затоа што барал нов подобар договор, само година дена откако потпиша за Реал.
Во редицата за Хамес стојат англиските клубови Челзи, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, кои заедно со ПСЖ и Баерн се единствени кои можат да платат обештетување од 80 милиони евра.
А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.