РАСКОЛ ВО ПРАВОСЛАВИЕТО! Руската православна црква вели дека Цариградската патријаршија се самоуништи и повеќе не може да биде центар на православието

Цариградската патријаршија го изгуби своето право да се нарекува центар за координација за целата православна црква, изјавил претседателот на Одделението за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, митрополитот волоколамски Иларион.

“Се наоѓаме пред нова црковна стварност: повеќе немаме единствен центар за координација во православната црква и мораме да бидеме многу свесни за тоа. Цариградската патријаршија како таков центар се самоуништи”, нагласил митрополитот Иларион во интервју за рускиот “Прв канал”.

Toј потсетил дека за време на неколку децении Московската патријаршија и другите месни цркви учествувале во подготовката на Сеправославниот собор, нивните претставници и поглавари се докажале на заседанијата кои ги организирала Цариградската патријаршија.

“Но, со упадот во канонските граници на другите месни цркви, легитимирајќи го расколот, таа го загуби правото да се нарекува координационен центар за православната црква”, истакнал митрополитот.

Одговарајќи на прашање дали постои можност Цариградската патријаршија да отстапи од преземените цекори, митрополитот Иларион рекол дека “можноста за покајание секогаш останува, иако логиката на неодамнешните постапки не претпоставува чекори во спротивен превец”.

“Но, ние и понатаму се надеваме дека разумот ќе победи”, заклучил тој.

Поради одлуката на Цариград да започне со одобрување на автокефалноста на неканонската црква во Украина, нешто што руската црква го нарече раскол, Синодот на Руската православна црква објави дека го прекинува дијалогот со Цариградската патријаршија.

Одлуката на Цариград да го повлече актот од 1686 година за предавање на Киевската митрополија во надлежност на Московската патријаршија, Синодот на Руската православна црква го нарече канонски ништовен и во тоа гледа вијание на политиката.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.