Ракометната легенда Миле Нешкоски ќе живее вечно, но ракометот во Прилеп изумpe

Вчера во Прилеп започна меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“, кој се одржува во чест на прерано починатиот ракометар на „Тутунски Комбинат“.

Турнирот беше отворен со полагање цвеќе на спомен плочата на Миле Нешкоски пред Универзалната сала, каде сеќавања за својот пријател и другар евоцираше поранешниот голман на ФК „Победа“ и македонската репрезентација, Јане Николоски.

На спомен плочата, цвеќе положија претседателот на Советот на општина Прилеп, Миле Талевски како и повеќемина соиграчи, спортисти, ракометари и пријатели на Нешкоски.

На дводневниот ракометен турнир учествуваат екипите на ГРК „Тиквеш“, РК „Металург 2“, РК „Алушовски“ и домаќинот, екипата на РК „Прилеп“.

Натпреварите се играат во спортската сала на ЕМУЦ „Ристе Ристески-Ричко“, а по одигрувањето на последниот натпревар помеѓу екипите на РК „Прилеп“ и РК „Алушовски“, кој се игра вечерва со почеток во 19 часот, турнирот ќе биде затворен со доделување на награди за најдобрите.

За жал ракометот во Прилеп со години не бил во полоша состојба. Иако пред неколку години РК Прилеп играше квалификации во ЕХФ Купот, оваа сезона клубот испадна во второто по ранг натпреварување.

Сезоната на прилепчани стартува на 14.09. кога РК Прилеп е домаќин на екипата Јуниор К.В.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.