Ракометарите ќе добијат премија доколку се пласираат на Европското првенство: Еве за колкава сума се работи

Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов изјави дека машката ракометна репрезентација на Македонија ќе добие премија од 40.000 евра доколку се пласира на првото место во групата, а 30.000 евра доколку избраниците на Данило Брестовац бидат втори.

Македонија е на добар пат да обезбеди пласман на ЕП 2020 година, а на сениорите им требаат две победи за освојување на првото место.

Последен предизвик за репрезентативците ќе бидат средбите против Турција на гостински терен и против Грција во Скопје на 12, односно 16 јуни.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.