Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер на свој терен без проблеми, синоќа во рамките од 11. коло во Супер лигата, триумфираше над Прилеп со 46:24.
За пелистерци ова беше 9-ти сезонски триумф во домашниот шампионат и загревање за важниот натпревар против Фредериција во Лигата на шампионите, а гостите од Прилеп го претрпеа шестиот сезонски пораз.
Избраниците на Божидар Мојсов имаа солидно прво полувреме, па иако на самиот старт пелистерци направија серија од 4:0, кон средината на првото полувреме Прилеп имаше само -2 гола разлика (13:11).
Тука шампионот се разбуди и до крајот на натпреварот не дозволи Прилеп одново резултатски да се доближи, за конечни 22 гола разлика.
Во наредното коло Прилеп гостува кај Пролет, а потоа на свој терен го дочекува Куманово.