Почнува постапката за разрешување на високи државни функционери, директори, раководители, членови на управни одбори и владини институции, најави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференцијата.
Премиерот наброи повеќе лица кои ќе бидат разрешени од ЈП Македонија пат, Здравствен дом Скопје, МЕПСО, Државна клиника, Државен архив, Драмски театар, АД Елем, Агенција за спорт и млади, Биро за јавни набавки, а меѓу разрешените се и двајцата директори од Прилеп – Менче Караџоска на ЦК “Марко Цепенков” и директорот на Еурокомпозит, Златко Граороски.
Заев најави дека на некои од овие лица, доколку се заинтересирани, ќе им биде понуден нов ангажман.
На денешната седница ќе биде предложено разрешување на директорот на Македонија Пат, Гајур Кадриу, Директорот и претседател на УО на Мепсо, Сашо Василевски, Директорката на Детска Клиника, Ставриќ, Директорката на Драмски театар, Викторија Рангелова, Директорот на ЈП ,,Железници“, Шабан Зендели, Директороката Музеј Охрид, Директорот на Бања Банско, Директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски, потоа членови на управните одбори на ЕЛЕМ и МЕПСО, актуелниот диреектор на УБК и неговиот заменик, Агенција за Млади и спорт, заменик директорот, потоа директорката на Центар за култура Прилеп, Менче Караџоска, Царинарница Скопје директор Златко Кофиловски, Агенција за вработување-Велес, Трајче Бабунски, „Водостопанство“ директор, Геронтолошки завод, директорка Салија Љатиф…