“Разрешена директорката на Градинки, рикверц за човекот што запишуваше деца по список со шифри од Комитетот???”

Според неофицијални информации дознаваме дека директорката на Јавната институција детски градинки “Наша идинанa” од Прилеп е разрешена.

Бети Спиркоска беше именувана на оваа функција на почетокот од јануари месец 2019 година, а дојде од позицијата раководител на детската градинка “Аличаир”.

Засега не е позната причината поради која Спиркоска е разрешена од функцијата, а според информациите кои ги дознаваме на нејзиното место се враќа претходниот директор Орде Тодороски.

Оваа институција во текот на изминатата 2018 година ја следеа низа скандали за кои објавуваа медиумите, а најголем потрес предизвика скандалот со “партиските списоци за сместување на деца”.

Скандалот се случи во време кога со оваа институција раководеше токму Тодороски.

(ФОТО) СКАНДАЛ ВО ПРИЛЕПСКИТЕ ГРАДИНКИ: ”Како политички се сместуваат децата во градинките, а Министерката молчи??”

„Ние имаме листа од 500 деца кои стојат јавно, секој може да ги види и на тоа пишува име и телефонски број и секој од родителите кога ќе дојде толку што е среќен дека ќе му биде детето примено во градинка го грешава бројот и ние за да го знаеме кој е го пишуваме името“, изјави тогаш Орде Тодороски, правдајќи се за скандалот со списоците.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.