На 03.09.2018 година околу 17.20 часот на ул.„Ристе Ристески Ричко“ во Прилеп, во куќата на Б.П.(34) непознато лице извршило разбојничка кражба.
Сторителот преку незаклучената влезна врата влегол внатре и одзел две ќеси со ќебиња. Притоа, сторителот бил забележан од шестгодишната ќерка на Б.П., која кажала на нејзината баба Б.И. (60) и на 12-годишниот брат. На ул.„Александар Македонски“ тие го стигнале лицето, кое физички го нападнало 12-годишникот и избегало.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.