Заменик претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска учествувала во сообраќајна несреќа утрово околу 8 часот на автопатот кон Гевгелија, дознава Press24 од полициски извори. Според информациите, џипот Митсубиши Пајеро кој го управувал таткото на Шеќеринска 68 годишниот А.Ш., а во кој покрај заменичката на Заев се превезувала и нејзината мајка се судрил со автомобил Шевролет Авео со гевгелиски регистарски таблички управуван од 29 годишната Б.Т. која по несреќата се пожалила на повреди и била префрлена во болница.
Информацијата ја потврди и портпаролот на СДСМ Петре Шилегов кој рече дека Шеќеринска и нејзиното семејство патувале кон Гевгелија и за среќа поминале без повреди. Тој додаде дека на автопатот кој во моментов се реконструира, девојка која работела во казината претекнувала непрописно, удрила во заштитаната ограда и се одбила по што странично удрила во џипот во кој биле Шеќеринска и нејзиното семејство.
Потврда на информацијата пристигна и од МВР но нема детали за тоа како дошло до сообраќајната несреќа.