Градоначалникот на Штип, Д-р Сашко Николов, изреволтиран од протестот и пораките на протестот во Скопје се обрати преку социјалните мрежи.
-Да се критикуваат луѓето (целиот медицински персонал) кои 16 месеци без прекин 24/7, не користеле ниту ден годишен одмор, си ги запоставиле сопствените семејства, заборавиле како тоа изгледа да имаш слободен ден, ја ставиле на страна безбедноста на сопствениот живот, се со цел да го заштитат нашето здравје и нашите животи…
Па луѓе, има ли крај ова наше лудило и непочитување!!!
Згора на се, ниту маски, ниту дистанца, ниту почитување на било какви мерки, на некакви протести…
Страшно, но во исто време и жалостно…
Поздрав и поклон до севкупниот медицински персонал:
болничари, хигиеничари, медицински сестри, лаборанти, ртг технолози и техничари, доктори, медицински админстративци и болничка логистика! – напиша Николов на ФБ.
И човекот е во право кога што се однесува до недоличните пораки на протестот против лекарите.
Но, она што остава впечаток на неговиот ФБ статус еден долг коментар кој го напиша Аљоша Иваноски од Прилеп, вработен како радиолошки технолог во прилепската болница “Борка Талески”.
“Благодарам за поздравот. Ете јас сум еден од тие шо 15 месеци секојдневно се соочуваше со ковид пациенти.
Точно, ретко кој ги почитува мерките, НО тоа е затоа што владата си игра играчки.
Не очекувајте некој да почитува мерки кои се носат од денес за утре и немаат никаква логика.
Ете јас сум здравствен работник (радиолошки технолог), па не им се лутам на луѓето затоа што не почитуваат мерки. Нормално е, кога владата не знае да се постави.
За влез во кафана се бара потврда за вакцина, а за влез во државава НИШТО? Тоа во ред ли е?
Условување за вакцина за влез во кафана, а дали населението има избор со која вакцина сака да се вакцинира? Вакцинација да, ама со можност за избор. А не вакцинација со некоја кинеска вакцина која ни во Кина не се користи.
До пред 2 месеци се казнуваше народ за неносење маски на отворено, како да вирусот лебдеше во воздухот и чекаше од зад некоја бандера да го нападне оној кој НА УЛИЦА не носи маска.
Јас лично се шетав сам низ Битола и бев какзнет затоа што не носев маска. САМ ПО УЛИЦА !!! А оние кои седеа и пијеа кафе од страна на една маса и НЕ НОСЕА МАСКИ ми се смееа од страна затоа што ме казнуваше полицијата ?
Па нормално дека народот ќе има отпор и непочитување кон мерките.
За Бајрам пуштате слободно движење, за Велигден не. Изгледа короната само за христијански празници излегуваше, за муслиманските не.
Мерката за влез во кафана или кафич со потврда за прележан ковид ДО 45 ДЕНА е во најмала рака смешна.
Зарем оној кој прележал ковид има имунитет САМО 45 дена? И зарем антителата добиени по пат на соочување со ЖИВ ВИРУС се послаби од оние кои се примаат со вакцина? Ако е такка тогаш зошто се бара плазма од ПРЕЛЕЖАН а не од ВАКЦИНИРАН пациент?
Ете затоа народот не почитува ни мерки ни бутур, И со право. Кога владата е несриозна, зошто народот да е сериозен? Гледа народот дека си играте играчки, нормално дека му е преку глава.
А бе младоженци си дошле од Австрија позитивни, си направиле свадба… никој ниту ги запрел, ниту ги проверил на граница. А ваму трубите МАСКИИИ ААА–УУУУ, ПОТВРДА ЗА ВАКЦИНА !!!
Од утре излегува короната по кафани така? А вчера на концерт на Јелена Крлеуша во Струмица над 1000 гости без маска? Значи од утре короната ќе не посети по кафани, така?
Казнувате граѓани за неносење маска и за групирање во затворени простории, а цело раководство на ДУИ си слави роденден во едно од министерствата собрани на купче, во затворена просторија, ни маски ни крстајци. Е па не можи мерките за едни да важат, за други да не важат.
Полициски час воведувате од полноќ до 4 сабајле. Швалерајот го укинувавте или короната само после полноќ шеташе? Можеше на пример полицискиот да е од 4:30-5:00 насабајле.
А уствари полицискиот час не важеше во Тетово, Гостивар, Арачиново, Чаир, Сарај, Дебар…
Казнувате народ ако некој со решение за изолација го напушти домот, а во собрание носите пратеници за гласање кои имаат решение за изолација.
Како очеккувате рајата да го почитува законот кога вие ГОЛЕМЦИТЕ не го почитувате? Решение за изолација !!! Никаде не пишува во решението дека „Ако лицето во изолација е пратеник можи со скафандер да излези за да гласа в Собрание“.
Да редам уште за да знаете зошто народот не ги почитува мерките? Не ќе да е народот крив, туку неспособната влада да превземи мерки”.
Коментарот на Иваноски собра над 3000 лајкови, а потоа следуваше и повратен коментар на градоначалникот на Штип.