Радев му го плесна „добрососедството“ на Заев: Илинденското востание е бугарско револуционерно движење за обединување на Бугарите од Македонија и Тракија

„Илинденско – Преображенското востание е херојски и трагичен венец на бугарското револуционерно движење за слобода и национално обединување“, стои во честитката на претседателот на Бугарија Румен Радев објавена на неговата официјална страница на Фејсбук по повод одбележувањето на 115-годишнината од Илинденското востание.

„Со решителност и пожртввуаност, без надеж за помош од надвор, Бугарите од Македонија и Тракија се дигнаа во очајна, но достоинствена битка за правдина.

Востаницитего издигнаа великото кредо на нашата национална револуција „Слобода или смрт“. Во битката загинаа многумина, затоа што знаеја и прифатија дека нивниот сопствен живот е историска цена на слободата.

Ја почитуваме и нема да ја заборавиме нивната саможртва. Илинден нè потсетува дека слободата и историската вистина мора да се ценат и ревносно да се бранат“, пишува во пораката на Радев, која има две поенти: Илинденското востание е дел од бугарското револуциенерно движење, и дека тоа е за обединување на поделениот бугарски народ во Бугарија и Македонија.

Инаку, до лани, Бугарите не го празнуваа Илинденското востание, туку го одбележуваа Илинденско-Преображенското востание кон крајот на август кога востанието започнало во Одринско.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.