Работниците во Србија за секој месец од почетокот на пандемиjaта ќе добијат по 30.000 динари од државата

Не сите вработени ќе имаат право на економска помош и минималец од околу 30.000 динари, колку што ќе добијат компаниите по вработен. Владата на Србија со уредба, прецизно ги дефинираше групите работници кои за април, мај и јуни од државната каса ќе добијат нешто повеќе од 90.000 дирани.

Прво и најважно правило е тоа дека право за минимална плата имаат работниците кои се пријавени, во превод оние кои не работат на црно. Другото правило е фирмата во која работат да е основана пред 15 март оваа година, како и да не и е регистрирано прекинување на активностите пред овој датум, а за време на вонредната состојба.

Така минималната плата ќе им биде уплатена на оние кои имаат работен договор, договор на определено или на неопределно време. На ист начин се третирани и вработените со целосно работно време, односно неполно работно време, без разлика дали станува збор за вработени на определено или неопределено време.

Што се однесува за вработените кои стапиле во работен однос од 01.04.2020 година, работеодавецот на овие вработени ќе оствари право на минимална плата за два месеци. Правото за минимална плата притоа немаат лица ангажирани со договор за повремени и привремени работи, како ни останатите лица кои се ангажирани вон работен однос. Во оваа група најчесто спаѓаат сезонските работници.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.