Од полицискиот билтен на МВР
-На 26.10.2024 во 00.30 часот на ул. „Павел Шатев“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.Р.(45) од Прилеп, затоа што при преглед кај него и возилото „форд” со прилепски регистарски ознаки кое го управувал, била пронајдена марихуана.
-На 26.10.2024 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Р.(49) од Битола, затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и прашкаста материја. Д.Р. бил задржан во полициска станица.
-На 25.10.2024 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода З.Б.(31) од Битола, затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин и марихуана.
Истиот ден, при лишувањето од слобода на З.Б., тој бил заедно со В.М.(28) од Битола и при претрес на патничко возило „хјундаи” со битолски регистарски ознаки, сопственост на В.М., биле пронајдени прашкаста и растителна материја, по што и В.М. е лишен од слобода. Тие биле задржани во полициска станица.
Од СВР Битола информираат дека по документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни поднесоци.