Поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески на социјалните мрежи реагираше за лошата состојба во Прилеп, која е алармантна во повеќе сфери.
Значително е зголемен бројот на заболени и починати од Koвид-19, но и покрај тоа нема вакцини кои би го намалиле ширењето на виpycoт. Не е за „потценување“ и состојбата со тутунарите, економијата, спортот, и така натаму…
– Прилепски тест на издржливост: вакцини – нема, заболени – рекорд, смртни случаеви – најмногу, тутунари – потценети, дуќани – затворени, инвестиции – нема, нови фабрики – нема, нови невработени – има, спорт – нема, паркинзи – нема… РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ДУХ НА ПРЕЖИВУВАЊЕ ИМА! НАПРЕД ХЕРОЈСКИ ПРИЛЕП!, напиша Ристески.