Екипа од Гимназијата Мирче Ацев во состав: Филип Тошески, Стефанија Трајкоска и Никола Димовски под менторство на професорката Соња Димовска имаат интересна иновација поврзана со процесот на сушење на ориенталниот тутун, чаеви и билки. Преку искористување на сончевата енергија (фотоволтаични панели) за насочена вентилација иновацијата озоможува скратување на времето потребно за сушење на тутунот со традиционален начин.
Општо за проектот
Ние, екипата од гимназијата „Мирче Ацев “ од Прилеп доаѓаме од средина која е позната по производство на ориентален ароматичен тутун. Секоја година во зависност од временските услови додека трае сезоната за берба на тутунот, тутунопроизводителите добиваат различен квалитет. При предавањето на сувиот тутун на комбинатите се врши проценка на квалитетот во три до четири класи, при што за скапаниот тутун се добива ниска цена и ниска класа.
Клучни фактори за добриот квалитет се:
-сончевата енергија
-струењето на ветрот
Сончевата енергија е доволно искористена преку примена на полиетиленско платно кое ја зголемува температурата во сушниците додека за струењето на воздухот досега не се користи никакво решение. Потребата за добар квалитет на сув тутун не донесе идеја преку примена на сончеви колектори и акумулатори да се овозможи трансформација на сончевата енергија во електрична која понатаму ќе придвижува вентилатори сместени во сушарите за тутун.
Улогата на вентилаторите е да го помогне но и да го забрза процесот на сушење на тутунот и на тој начин да допринесе за добар квалитет и да се избегне скапувањето на тутунот во дождливите денови а посебно во есенскиот период.При тоа нема никакви последици по животната средина.
Идејата сама произлезе од набљудувањето на секојдневните обврски на поголем дел од населението во нашиот регион, односно од проблемите со кои се соочуваат тутунопроизводителите со секоја нова произведена реколта.
Дополнување на основната идеја направивме на тој начин што целата сушара доколку веќе не се користи за сушење на тутун со многу малку измени може да се искористи за сушење на разни чаеви, било да се корен, цвет или лист.
Овој проект ќе им овозможи на учениците од гимназиското образование да ги применуваат своите знаења од физиката правејќи дијаграми на трансфер на енергија, применувајќи го законот за запазување на механичката енергија.
Работејќи со фотоволтаични ќелии да ја побудат свеста за користење на обновливите извори на енергија. Освен тоа учениците ќе научат како да ги намалат надворешните атмосферски влијанија и да создадат делумно нова средина со позитивен ефект врз процесот на сушење на тутунот.
За олеснување на самиот процес и безбедност на апаратурата пректот е поставен во селото Сенокос место од каде потекнува еден од учениците.
Првиот чекор кон проектот
Првиот чекор во овој проект после поставената хипотеза е набавка на материјали и апаратура а потоа следува нивно монтирање, па набљудување и собирање на податоци и на крај споредување на податоците и потврда на претпоставките за ефектот од новиот начин на сушење.
Најпрво ја монтиравме сушница (железна рам конструкција) со должина од 6 метри и ширина од 2,2 m,која претставува стандардна димензија. Кога оваа сушница се покрие со полиетиленско платно се добива одредена форма на тунел. Од двете страни по должина монтирани се железни прачки (винкли) на кои ќе се спружираат низите со тутун. Има два такви реда (дворедно сушење). Помеѓу двата реда на едната страна монтирани се вентилатори со моќност од 100 W и напон од 220 V.
Целиот проект погледнете го ТУКА