“Пpилеп, вчepa и денec”: Kpaток докyментapeн филм кој ќе разбyди нocталгиja и емоции кај голем бpoj пpилепчани (Видео)

„Прилеп, вчера и денес…“ е краток документарец за Прилеп од 1959 година во времетрање од 12 минути.

Филмот е снимен во стандард техника, со звук, во боја и 35мм, а производството е на “Вардар филм” – Скопје.

Се работи за филмско-фотографски колаж на градот под Марковите кули, неговата историја, развој и современиот културен и стопански растеж по ослободувањето, сето тоа проследено со стиховите на Рацин и на Конески.

Филмот има добиено втора награда за сценариот во 1959 година во Белград.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.