Пpилепчани денecка на пpoтecт кај езepoто: Пpичина pyдниците за мepмep кои го загадyвале извopoт за вода (Видео)

Масовната експлоатација на мермери во околината на прилепското Вештачко езеро, се повеќе го загадува изворот „Леково“, а чија вода влегува и во градскиот водовод. Оваа појава станала многу загрижувачка во последниве дваестина дена, заради што околу двеста сопственици на викендици, денеска два часа го блокраа патот кон рудниците – објави “АЛФА ТВ”

„Се работи за отворен рудник со широк коп. Пред 8-9 години добиена е концесија да ископува руда…Барањето е зошто е дадена концесија на рудникот кога во Законот за води стои..дека минимум 500 метри не смее да има никакви ни животни да се вртат околу изворот, а не пак да се ископува руда…Со самото нивно копање ние велиме дека водата ќе ја снема… – вели Зоран Тодороски.

„Ако снема вода „Студенчица“, што ќе прави градот..?! Тој извор е најголем од тој ракав нагоре..тој има 30 литри вода во секунда, а другите сите се под 10…“ – објаснува Илија Талески.

„Како иди, секоја година фазла се насипува…се запира водата со бело брашно, и плус тоа и чешмите и водата се загадува, одвреме-навреме почна да течи и жолта вода и чешмите нон-стоп се затнуваат…“– посочува Горан Тасески.

Овој извор е еден од најстарите и природно најиздашните извори со квалитетна вода, што е особено важно во ова време кога секоја капка се брои, вели директорот на ЈКП „Водовод и канализација“, Емил Јанески, и додава дека единствен начин да се заштити изворот е да престане експлоатаијата на рудникот лоциран над Лековскиот извор.

„Проблем немаат само викендиците кои што се поврзани на потисниот цевковод од Лековскиот извор, од каптажата на Лековскиот извор, туку цел град….Таа е вода која што отсекогаш ја користеле прилепчани и пред да се снабдуваат со вода од „Студенчица“. Таа е вода која што е исклучително квалитетна и по гравитационен пат е бесплатна за ЈП за разлика од водата од „Студенчица“ која ја купуваме. Лековскиот извор дава околу 10-12 литри вода во секунда и тоа се околу 25-30 илјади кубни метри месечно, – вели директорото на ЈКП „Водовод и канализација“, Емил Јанески.

Сопственикот на спорниот Рудник пак, Блаже Тодороски, во телефонскиот разговор за Алфа, ги отфрли овие обвинувања. Тој, повикувајќи се на Министертсвото за животна средина, тврди дека се било според Закон и дека проблемот најверојатно бил од соседниот Рудник и од Рудникот на Мермерниот комбинат кои, за разлика од него, експлоатацијата ја врешеле со минириње.

Каролина Дурло за “АЛФА ТВ”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.