Путин упати ocтри зakaни поради зaплeнaтa на танкерот: „Нема да трпиме, жecтоко ќе одговориме“

Шефот на комитетот за меѓународни односи на руската Државна дума, Леонид Слуцки, смета дека инцидентот со заплената на рускиот танкер претставува притисок на Украина врз истрагата која Русија ја спроведува во врска со апсењето на украинските морнари, за време на инцидентот во Керчкиот проток.

„Украина на сопствената провокација реагира со пиратерија. Тоа е незаконски притисок на истрагата“, истакнале.

„Доколку целта на заплената на рускиот танкер е апсење на државјани на Руската Федерација, со намера да станат шпиуни, одговорот на Русија ќе биде моментален“, соопштеное е од руското МНР.

„Во моментов работиме на утврдување на сите околности во врска со ситуацијата на задржување на рускиот танкер, за да се преземат адекватни мерки“, се наведува во сооппштението.

Исто така се истакнува дека инцидентот со задржување на рускиот брод претставува грубо кршење на сите правила на меѓународните права.

Се огласил и шефот за меѓународни работи на Советот на федерацијата на Русија, Константин Косачов кој рекол дека украинскиот претседател Владимир Зеленски набрзо ќе го соопшти својот став во врска со оваа ситуација.

„Или Службата за безбедност на Украина делува самостојно и се обидува во тоа да го вовлече Зеленски, а тоа би било многу лошо затоа што тоа би претставувало продолжение на политиката која ја водеше неговиот претходник Петар Порошенко“, заклучил Косачов.

Да потсетиме, Украинската служба за безбедност задржала руски танкер „Нејма“ кој бил користен при блокадата на Керчкиот проток кога се случил инцидентот со украинските морнари, пренесуваат медиумите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.