Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за реципрочни мерки за визниот режим, што следеше како одговор на акциите на, како што се наведува, непријателските земји.
Указот е потпишан во согласност со „потребата од преземање итни мерки како одговор на непријателските дејствија на Европската унија“, пренесува Спутник.
Во документот се наведува дека Русија ја суспендирала важноста на некои точки од договорот за поедноставено издавање визи за Европската унија, Норвешка, Данска, Исланд, Швајцарија и Лихтенштајн.
Меѓу другото, точките од договорот се однесуваат на членовите на официјалните делегации на земјите од Европската унија, но и на новинарите. На тој начин се запира практиката според која имателите на дипломатски пасоши во Русија можеле да патуваат без визи.
Претседателот на Русија му нареди на Министерството за надворешни работи да испрати соодветни информации до Претставништвото на Европската унија и амбасадите на споменатите земји и да воведе лични ограничувања за влез во Русија за странци и лица без државјанство кои вршат непријателски дејствија.
Владата треба да подготви и поднесе до Државната дума предлог-закон за суспензија на меѓународните договори наведени во Уредбата.