Рускиот претседател Владимир Путин се согласи со својот турски колега да оди во ресторан, но под услов Турција да дозволи руските производи од месо да се пласираат на тамошниот пазар.
Путин и Ердоган разговарале за билатералната соработка, за растот на трговската размена, меѓутоа пред крајот на разговорите рускиот лидер на шега го потсетил турскиот колега дека го поканил во ресторан, на што Ердоган одговорил “Поканата сеуште стои”.
Turkey’s Erdoğan holds talks with Putin on the sidelines of BRICS summithttps://t.co/EsZoBKotof pic.twitter.com/0b84gpSJDh
— Yeni Şafak English (@yenisafakEN) July 27, 2018
Meѓутоа, Путин на шега на тоа додал: “Се договоривме дека кога ќе дозволите нашите производи од месо да влезат на турскиот пазар, тогаш ќе отидеме на ручек”.
Инаку, Путин и Ердоган учествуваат на 10 самит на земјите на БРИКС, кој се одржува во Јужна Африка.