Пукање во Скопје, младо момче било застрелано синоќа. Се работи за 28-годишниот Г.Б. кој се бори за живот откако синоќа околу 4 часот и 35 минути на улицата “Фуштанска” во Скопје, започнал расправија со неколку непознати насилници.
Полциијата информира дека насилниците дошле со возило на улицата и едниот од нив извадил пиштол и пукал кон скопјанецот и му нанел прострелна рана во пределот на десната надколеница и други повреди.
Напаѓачот избегал со возилото, а повредениот бил пренесен во болницата „Св.Наум Охридски“ каде му се контатирани тешки повреди и се бори за живот.