ПРОЧИТАЈТЕ: Зошто постиме секоја среда и петок

Во поглед на постењето во среда и петок, покрај она што е кажано во 66-тото апостолско правило, на ова место го изнесуваме и она што го кажал блажениот Петар Александриски во своето 15-то правило:

“Никој да не не oбвинyва што ги држиме среда и петок, денови во коишто ни е заповедано да постиме;

Во среда поради заговорот што го направил Јуда за предавството на Господа, а во петок поради тоа што Он за нас пострада.

Неделата ја поминуваме како ден на радост зашто во тој ден Христос воскреснал”.

Затоа треба да се види 218-тото правило од Номоканонот, каде што свети Атанасиј Велики говори:

“Тој што самоволно се paзрешува од пост во среда и петок, Го рacпнува Господа Исуса Христа исто како Јудеите, оти во среда се состанаа да Го yбијат, а во петок Го раcпнаа”.

Извор: “Инфомакс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.