Професор од Оксфорд: Преспанскиот договор треба да биде запрен

Џејмс Петифер, професор по балканска историја на колеџот Сент Крос од Оксфорд, повика на запирање на Преспански договор, кој предвидува преименување на македонската држава во Северна Македонија и цел пакет уставни промени поврзани со тоа.

„’Грчкиот министер за одбрана ги обвинува официјалните лица на ПЈРМ за поткопување на односите’ (‘Катимерини’). Го разбирам погледот на Каменос, но, имајќи ја предвид домашната публика на Димитров, Преспа е осудена на влошување на односите во пракса. Преспа треба да биде запрена“, напиша на својот профил на „Твитер“ балканологот што малку пред тоа ќе твитне:

„Среќен сум што сум потписник на ова писмо, кое дава добар, чувствителен став против Преспански ‘договор’, кое лондонски ‘Гардијан’ одби да го печати“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.