Заради Фросина Ременски 76 ранливи семејства не можат да добијат сопствен дом. Револт и гнев кај социјалците затоа што не можат да добијат стан поради опструкции на техничката министерка од СДСМ.
Добитниците на 76-те социјални станови во Прилеп денеска преку мирен протест пред новата социјална зграда во прилепската населба Точила го изразија своето незадоволство и прашуваат зошто по пет месеци од објавувањето на листата дека се добитници, не добиле решение за користење на социјалниот стан од Министерството за труд и социјална политика.
Тие со солзи во очите ја прашуваат Ременски дали знае како е од еден потпис да зависи нивната иднина. Зошто им го прави ова? Зошто не потпишува за да можат тие и нивните деца спокојно да живеат?
-Знаеме дека имаме шанса конечно да се вдомиме во наш сопствен дом и сега дали таа госпоѓа знае барем приближно како е живот да ти зависи од потпис на еден друг? Не е во ред. Помина комисијата видоа како живееме, сите се надеваме, вели Андријана Јовевска, самохрана мајка.
Менка Камческа е добитник на социјален стан. Самохрана мајка е на две деца, живее под кирија, но, како што вели не знае кога ќе се всели во станот.
– Знаеме дека сме добитници. Еве, поминаа пет месеци, а се уште не ни се дадени клучевите и немаме решение од Министерството за труд и социјална политика. Земам 8.000 денари постојана парична помош, а плаќам 2.500 денари кирија. Се уште не знаеме зошто не ги добиваме клучевите од становите. Неиздржливо е. Сметките не ми се платени, ќе ми дојдат извршители, а сама сум со две деца. Што да правам. Прашувам во прилепскиот Центар за социјални работи, оттаму велат одговорот е во Скопје, вели самохраната мајка Камческа.
И Јулијана Дурланова, мајка на две малолетни деца прашува кога конечно ќе добие решение за социјалниот стан.
– Доделувањето беше на 2 февруари 2016 година. Комисијата помина да види во какви услови живеам, но никој не дава решение, ниту клучевите од станот. Живеев под кирија, сега сум кај мојот брат привремено, сите сме во мал простор, вели Дурланова.
-Таа госпоѓа Ременски дали знае во каква ситуација ние се наоѓаме? Или не ги разбира овие работи? Ниту јас сум вработен, ниту сопругата, прашува корисник на социјална парична помош.