Просечната плата е намалена за 1.200 денари

Просечната плата, наместо да расте, се намалува. Граѓаните земаат помала просечна плата и тоа помала за 1200 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2019 година изнесува 24.517 денари, објави Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2018, изнесува 25.784 денари, со што сега има намалување за 1.200 денари.

Намалување на просечната месечна нето-плата во однос на претходниот месец, е забележано во секторите уметност, забава и рекреација за 21,4 отсто, информации и комуникации 19,8 отсто и трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 14,3 отсто.

Премиерот Зоран Заев, во предизборието ветуваше зголемување на просечната плата до дури 500 евра. Граѓаните се свесни дека до таа бројка нема да се дојде и дека ова беше само уште едно од празните ветувања.

Дополнително, новите податоци од статистиката се поразителни и велат дека просечната плата оди надолу, наместо нагоре.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.