Во Панчево, Србија, утре ќе започне изградбата на фабрика за делови за автомобили на германскиот гигант „Бросe“. Како што пишува српски „Б92“, во фабриакта во која ќе се произведуваат електрични мотори за автомобили, волани, погони за моторно масло и ладење на вентилатори ќе бидат вработени 1.100 висококвалификувани работници.
Претседателот Александар Вучиќ, пак, денеска од Нови Сад, пак, каде се поставуваше камен темелник на уште една фабрика, швајцарската „Barry Callebaut“ за чоколадо, потенцираше дека просечнaте платa во „Бросе“ ќе бидe дури 1.900 евра, трипати поголема од просечната плата на национално ниво.
Инвестицијата се проценува на 180 милиони евра, а договорот за изградба е потпишан при крајот на ноември 2019 година.
Дека Македонија последниве години го губи приматот на земја која беше прва во привлекување на странски инвеститори и отворање на фабрики говорат и извештаите каде државата има очаен пад во делот на странски инвестиции.
Ова не е првпат Србија да биде избрана пред Македонија во последните три години. Исто така ништо нема од ветувањата на владата за носење на компании како „Фејсбук“ и „Гугл“ и други технолошки гиганти. Дополнително лани германските инвеститори ја оценија работата на владата во делот на економијата со нула.
Извор: “Република.мк”