Рударите од западната покраина Џинјанг биле премногу изненадени кога во стариот дел на рудникот ископале човек кој бил ЖИВ. Тој дел не бил посетен уште од потресот кој го погодил тоа подрачје.
Среќниот човек е Чеунг Ваи, 59-годишник кој бил во прилично лоша состојба. Итната помош го презела одма и го однела во најблиската болница на прегледи на физичкото и психичкото здравје.
Чеунг останал заробен со 118 мртви тела на своите колеги рудари, кога земјотрес од 7,8 магнитуди го погодил регионот и предизвикал пукање на дрвените конструкции кои го држеле тунелот. Чеунг успеал да преживее бидејќи вентилацискиот отвор успеал некако да остане поврзан со површината, допуштајќи му некако да диши чист воздух.
Успеал да преживее единствено поради големата залиха на ориз и вода, кои рударите ги складирале во случај да дојде до таква ситуација. Чеунг ја збогатувал својата исхрана и со стаорци и кртови.
Совеста не му дозволувала да јаде од своите колеги, па ги закопал повеќето од нив.
A.Г.