На улицата Александар Македонски отспротива на обложувалницата Вил Хил, во куќа е пронајдено женско тело во распаѓање. Неофицијално се работи за жена околу 60 години возраст, која била почината околу 10 дена.
Од очевидци и од гласини дознаваме дека постојат сомневања дека се работи за насилна смрт.
Полицијата и форензика работат на истрагата и ги утврдуваат точните причини за настанатата смрт.