Промоција на филмот “Ковач” на Фото кино клубот од Прилеп

12182306_1205437472807044_837052618_n

Утре понеделник 02.11.2015 година во 11 часот, Фото кино клубот од Прилеп во просториите на градската библиотека Борка Талески, ќе изврши промоција на краткиот филм “Ковач”  во траење од 4 минути на авторите Анастасија Бошкоска и Горан Попоски.

Фото Кино Клубот од Прилеп е активен со години. Низ него поминале многу талентирани личности и познати фотографи и камермани. Истиот клуб е сеуште активен во Прилеп, но не како на почетокот. Сепак членовите на овој клуб менаџираат да го одржуваат активен колку што може повеќе. Низ годините членовите на овој клуб оделе на многу натпревари по фотографија и филм и освојувале многу награди.

Двајца од тие натпреварувачи кои се членови на овој клуб се Анастасиа Бошкоска (16) и Горан Попоски (15) кои во петокот ја освоија наградата „Best Camera“ за филмот „Ковач“ на филмскиот фестивал „Camera 300“ во Битола, кој се одржува по повод постоењето на првите личности кои ја донеле камерата на балканот, Јанаки и Милтон Манаки. Наградата им беше предадена од градоначалникот на Битола, Г-дин. Владимир Талески. По тој повод како што е наведено, утре  ќе се одржи и пресконференција од овие двајца филмаџии во библиотека Борка Талески.

Ве очекуваме.

12207710_1205437459473712_1028095533_n

12190883_1204538496230275_7369944115466175986_n

12188774_1205437612807030_1000112393_n

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.