Промоција на книгата “Не правете го тоа во мојот автомобил” од Емил Крстески во библиотеката “Борка Талески” во Прилеп

Во вторник, 31.03. во 12:00Ч. ВО БИБЛИОТЕКАТА „БОРКА ТАЛЕСКИ“ ЌЕ БИДЕ ПРОМОВИРАНА НАЈНОВАТА КНИГА НА НОВИНАРОТ, ПОЛИТИКОЛОГ И ДИПЛОМАТ, ЕМИЛ КРСТЕСКИ, која носи наслов „НЕ ПРАВЕТЕ ГО ТОА ВО МОЈОТ АВТОМОБИЛ“.

ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ, НЕКОЛКУ РЕЧЕНИЦИ ЗА АВТОРОТ, КОЈ Е РОДЕН И ДЕЛ ОД СВОЈОТ ЖИВОТ, ПОМИНАЛ ВО ПРИЛЕП.

-Емил Крстески е новинар, политиколог, прозаист и сликар, доктор по политички науки (меѓународни односи). Досега има објавено шест книги од областа на надворешната политика и меѓународните односи и две збирки раскази: „Три дена во Париз“, (преведена на српски јазик и промовирана во Нови Сад, во Шибеник и во Прага), и „Флик ен флак“. Има реализирано и три самостојни изложби, а учествувал на две групни изложби. Уште од гимназиски денови објавува поезија и проза во наши дневни и неделни весници и списанија. Бил надворешно-политички новинар и уредник во МТВ, во дневниот весник „Нова Македонија“ и во политичкиот неделник „Пулс“, дописник на ТАНЈУГ, државен советник за меѓународни односи и соработка во Кабинетот на Претседателот на Собранието на Македонија, директор на Државниот архив и наш вонреден и ополномоштен Амбасадор во Чешката Република, со седиште во Прага. Четири години живее во Стразбур, Франција, каде што ги следи сесиите на Европскиот парламент и три години во Њујорк,САД, каде што работи врз докторската дисертација.

Промотор на настанот ќе биде проф. д-р Александар Прокопиев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.