Синоќа во просториите на градската библиотека „Борка Талески“ беше презентирана книгата која пред два месеци излезе од печат. Станува збор за книгата од античкиот автор Прокопиј од Кајсареа “За градбите на царот наш, Јустинијан”, во превод од латински на македонски од сограѓанинот Миле Богески. Книгата детално беше промовирана од страна на проф. д-р Виктор Лилчиќ.