Промовирана книгата “Тајната на розата Дафне” од Благица Наумова – 21-годишна студентка од Прилеп

Благица Наумова е 21 година и ова е нејзино прво дело, со кое зачекорува во писателството. Таа е млада амбициозна студентка на Универзитетот „Св. Климент Охридски “ – Битола.

„Тајната на Розата Дафне е приказна за двајца вљубени, сродни души поврзани со митот за ловоровото дрво . Ова е книга за љубовта и разумот , за надежта и безнадежноста, но пред се за срцето и за рационалното оревче во главата. Како срцето може да го измами разумот? Дали секогаш успева во тоа? Може ли да се направи баланс помеѓу нив? Нивната моќ е вгнездена во ликовите и лесно се препознава, а последицата само останува да се претпостави„ – вели Благица.

„Читателот има чувство како повторно да чекори во свет, каде љубовта не е разумна, туку е страст и посакување, можеби сила која му дава смисла на човековиот живот и вредност на неговиот дух. Но, е притоа сила која ги поведува љубовниците кон жртвување. Но дали оваа љубов ќе ги претвори карактерите во жртви на своите дејствувања, останува на читателот да открие.

Писателката прави една нескротлива нишка на љубовта во средниот век онаа недостижната, идеалната, забранетата и онаа во Романтизмот, каде ликот бега во својта осаменост, се повлекува сакајќи да живее во споменот на својата сакана.“- кажува професорката Марија Кулеска, која беше рецензент на ова дело.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.