На крајбрежјето на реката Нид, кај Нерсбор во Англија, се наоѓа проколнат бунар, чија што вода се што ќе падне внатре го претвора во камен.
Локалните жители веруваат дека бунарот е проколнат и велат дека тоа се гледа по ѕидот кој го опкружува.
Радознали авантуристи често во бунарот оставаат разни предмети: велосипеди, ланци, садови…., кои навистина се скаменуваат.
Најстариот запис за овој бунар е од 1538 година, кога се верувало дека водата од истиот е лековита.
Во 17-от век бунарот станал туристичка атракција. Модерната наука вели дека во водата има толкаво големо количество на минерали, што всушност тоа го предизвикува “скаменувањето” на предметите.
А.Г.