ПРОЕКТ БАРСЕЛОНА! Двајца играчи во средината во јануари за брутален состав!

Барселона во овој прелажен рок го ангажираше Бразилецот Малком, а за шпанските медиуми во фокус за екипата беа засилувањата за средниот ред.

Каталонскиот тим за време на целиот трансфер период беше во контакт во Рабиот и Де јонг, но останаа со кратки ракави.

Сепак, не се откажале и токму овие двајца млади играчи во зима би можеле да бидат приоритет.

Играчите од ПСЖ и Ајакс заедно со Иван Ракитиќ и Серхио Бускетс би можеле да созреат во врвни играчи, а со нив тука ќе биде и новајлијата Артуро Видал.

Со оглед дека Ракитиќ и Бускетс се во поодминати години од кариерата, овие двајца млади играчи ќе ја преземат “штафетата” од нив.

Клубот го донесе и перспективниот стопер на Севиља, Ленглет, кој веќе докажа дека ќе биде достојна замена за Пике.

Со ваков состав Барса со сигурност ќе предизвикува страв во коските на сите противници.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.