Се играше 80-тата минута, кога Немања Матиќ од околу 25 метри испали проектил кон голот на Тотенхем, а ударот беше едноставно пребрз и неодбранлив за голманот на “спарси”. Да беа дури тројца голмани наредени, немаше да го одбранат овој шут на Матиќ, кој веројатно го постигна својот најефективен гол во кариерата.
Погодокот на Матиќ ја запечати судбината на Тотенхем и значеше сигурен завршеток на мечот.
Челзи победи со 4:2 во полуфиналето од ЕФА Купот против Тотенхем и се пласира во финалето.
Во продолжение погледнете го ова ремек дело на Србинот:
А.Г.