Продолжува серијата победи на пингпонгарите на “Младост96”

20170326_103858

Пингпонгарите на “Младост96” ја продолжуваат серијата победи во Супер лигата на Македонија.Во 11 коло во Скопје надигран беше ППК  “Вардар” со резултат 5-4. Натпревар кој до самиот крај беше неизвесен, но на крајот одличната игра се круниса со многу важни бодови.

Стомнароски беше играчот кој донесе три победи, со прекрасна игра, каде противниците немаа решение против неговата игра.Рикалоски и Шраргоски донесоа по една победа, каде во решавачката деветa партија Рикалоски убедливо го победи својот противник.

На табелата “Младост96” се зацврсти на 5-то место, со четири бодови предност од другите екипи на табелата. После оваа победа над “Вардар” во лигата следува пауза поради Државното Младинско првенство, кое ќе се одржи во Прилеп, во недела во салата на ОУ “Добре Јованоски”, а во наредното 12-коло се игра дербито на колото и градско дерби со екипата “Младост”.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.