Во моментов во општина Кривогаштани активно се извршуваат градежни активности на две локации каде што и покрај променливите временски услови без прекин се изведува атмосферската канализација на улица Никола Карев во Кривогаштани по чија реализација целосно ќе се асфалтира и ќе се изградат тротоарски патеки на истата. Во истиот проект ќе се асфалтира и улица во н.м Славеј како и улицата Македонски Просветители од центарот на Кривогаштани каде што е предвиден современ кружен тек, до градинката Весело Штркче и кракот на истата улица од повеќенаменското игралиште што кој ќе ги поврзи улиците Никола Карев и Македонски Просветители со што ќе се добие една урбана функционална целина поткрепена со тротоарска патека од двете страни на коловозот каде што дозволуваат условите односно постои јавна површина.
Исто така моментално се одвиваат градежните активности на новата спортска сала во дворот на ОУ Манчу Матак во Кривогаштани, чија реализација се очекува да биде готова во текот на оваа година со што ќе се стави на користење на учениците и спортистите.
За десетина дена започнува изградбата на канализационите мрежи во Крушеани и Славеј каде што е предвидена и пречистителна станица со средства од АФПЗРР.
Оваа година општината ќе реализира уште голем број на капитални инфраструктурни објекти со кои самата општина ќе стане препознатлива по своите модерни карактеристики. Самиот центар на општината ќе добие 30 метарски Јарбол, нова фасада на целата општинска зграда заедно со кино салата и надградбата над истата, како и модерен зелен и млечен пазар со паркинг и промена на уличното осветлување со нови лед светилки.