Продолжува агонијата на Победа – попладнево прилепчани го доживеаја десеттиот последователен пораз

Со голот на Кире Маркоски во 30-та минута, Работнички попладнево славеше над Победа на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп и им го нанесе на прилепчани десеттиот последователен пораз.

Црвено-белите остануваат заковани на дното на табелата со само 13 освоени бода од 26 одиграни кола не постои никаква надеж дека би се избориле за десеттото место кое води во плеј-аут.

Фудбалските вљубеници во Прилеп и денеска останаа разочарани, затоа што нивните миленици заборавија како се освојуваат бодови.

Победа има гол разлика од срамни 17:61, па преселбата во понизок ранг на натпреварување нема да биде никакво изненадување.

Од друга страна ФК Скопје и денеска освои бод на домашен терен против Академија Пандев и се оддалечи од Победа на 6 бода разлика.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.