Продолжуваат систематските археолошки истражувања на кралската гробница кај Старо Бонче – Прилеп (Фото галерија)

Градоначалникот на Општина Прилеп г-дин Борче Јовчески и Деканот на Филозофски факултет проф. Ратко Дуев го посетија археолошкиот локалитет „Павла Чука“ кој се наоѓа на источниот раб на пелагониската котлина помеѓу селата Бонче и Подмол, каде се регистрирани над 20 археолошки локалитети од антиката.

Екипата од археолози, предводена од Антонио Јакимовски и Душко Темелкоски го запознаа градоначалникот на Прилеп со значењето и уникатноста на овој археолошки локалитет, каде е откриена монументална владетелска гробница од македонски тип, која е воедно еден од најатрактивните градби од раната антика пронајдена во Македонија.

Гробницата велат археолозите, е градена од масивни монументални камени блокови кои тежат и по неколку тони, градена пред повеќе од 2300 години.

А, целта на овогодишните истражувања е да се доистражи западниот дел на влезот од гробницата, со што би можело во скоро време локалитетот да биде отворен како јавна културно – туристичка дестинација, значајна за Прилеп.

Носител на проектот за истражувањата на Старо Бонче е Филозофскиот факултет – Скопје во соработка со Ну Завод и Музеј Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.