Врз основа на предлогот на Комисијата за спроведување на постапка за субвенционирање /надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди за 2023 година, а во согласност со Јавниот повик од 2023 година, „Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп за субвенционирање / надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди“ со број 09-595/31 од 15.03.2021 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.3/2021) и Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција/надомест на дел од трошоци на граѓани на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди за 2023 година Број 09-1911/2 од 31.05.2023 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.7 од 31.05.2023 година), Општина Прилеп објавува Финална листа на баратели кои ги исполниле, односно не ги исполниле критериумите субвенционирање / надоместување на дел од трошоците за купување на велосипед за 2023 година.
Од вкупно пристигнатите 396 барања, 387 баратели ги исполниле критериумите, додека 9 баратели не ги исполниле критериумите за надомест на дел од трошоците за купување велосипеди за 2023 година.
Листа на баратели кои ги исполниле условите – преземи
Листа на баратели кои НЕ ги исполниле условите – преземи
Средствата што Општина Прилеп ги субвенционираше беа во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 5.000 денари. За оваа намена општината издвои финансиски средства од својот Буџет во висина од 2.000.000 денари, а субвенционирањето се одвиваше по принципот – „прв дојден, прв услужен “ и траеше до исцрпување на предвидените финансиски средства наменети за оваа општинска мерка или до завршувањето на рокот за поднесување како што беше случај оваа година.